На CES 2021 саемот за технологија, кој овој пат ќе се одржи во главно во виртуелна форма, LG ќе претстави нов „бренд“ на пазарот на телевизори. LG QNED MiniLED е името кое ќе стане дел од понудата на LG.

Ова слободно може да се каже дека веќе станува до некаде збунувачко за корисниците кои треба да ја знаат разликата на веќе неколку технологии со слични имиња, односно OLED, QLED, а сега и QNED.

Едноставно кажано, QNED е само надополнување на LCD телевизорите и не претставува некоја нова и подобра технологија од сега за сега ненадминатите OLED телевизори чија главната карактеристика е одличната црна боја поради можноста да секој пиксел независно се осветлува, односно гаси по потреба.

LG QNED функционира со MiniLED технологијата, а истата овозможува поголем број на мали LED „сијалички“ зад панелот, кои ја осветлуваат сликата, за разлика од постарите телевизори кои користат само еден извор на светлина или многу мал број.

LG QNED ќе има дури 30.000 LED-ови зад панелот кои ќе имаат можност за менување на осветлување на повеќе од 2.500 точки на екранот. Со ова ќе се овозможи контраст, односно црни делови кои ќе можат да ги донесат LCD телевизорите најблиску што може до контрастот на OLED.

Кога на ова ќе се додаде и „quantum dot“ делот со кој се постигнуваат одлични бои, а тука се телевизорите од Samsung како пример за тоа, од овие телевизори од LG може да се очекува одлична слика.

Тоа што се очекува да донесе вистински напредок кај телевизорите е MicroLED технологијата која исто како кај OLED, функционира со пиксели кои самите се осветлуваат и можат да функционираат независно. Од оваа технологија се очекува да ја надмине OLED технологијата и да ги тргне некои од мааните.

До тогаш, корисниците ги добиваат предностите од MiniLED технологијата, како и сега за сега најдобрата OLED технологија.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2LG
Претходна статијаЦрвениот крст на Македонија започна со хуманитарна акција за помош на настраданото население во Хрватска
Следна статијаVolkswagen развива робот полнач за електричните автомобили на јавните паркинзи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.