Во ерата на паметните телефони и нивниот брз развој, секојдневно се среќаваме со разни инвенции преку кои произведувачите се обидуваат да ни го олеснат нивното користење. 

Паметните телефони нудат навистина неверојатни камери, кои се повеќе можат да се споредуваат и со професионалните фотоапарати. Секако, има компании кои ја користат таа можност, но во друга насока. Таков е случајот на компанијата SmartMicroOptics, каде што подолго време се работи на можноста телефоните да се користат и како дигитален микроскоп.

По успешна Kickstarter кампања и производство на BLIPS – микро леќи, кои како лепенки се ставаат на камерата од телефонот и можат да постигнат магнификација од 100 пати, компанијата го претстави својот нов продукт – DIPLE, исто така моментално во фаза на прибирање средства на Kickstarter.

DIPLE е моќна алатка наменета за статично работење, односно како микроскоп. Според SmartMicroOptics, уредот може да постигне магнификација од 1000 пати пред да дојде до пикселизација, но сепак, тоа зависи и од квалитетот на камерата на телефонот. 

Интересно е што големината на DIPLE е како кутија од телефон и е лесен за транспорт и користење. Претставени се две верзии, основна – примероците кои се скенираат се движат рачно под леќата, и напредна – примероците се движат со помош на механизам за попрецизно скенирање. 

Тие нудат три леќи, т.е. три нивоа на магнификација од 35, 75 и 150 пати, кои потоа се зголемуваат со зумирање со телефонот. 

Се очекува производството на DIPLE да започне веќе во јануари идната година, а во мај да биде достапен за потрошувачите. 

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаПрвата поголема надградба на Windows 10 за идната година ќе ја носи бројката 2004 и е при крај со развојот
Следна статијаСоларно полнење како дополнителна опрема на футуристичкиот Cybertruck