По промоцијата на првото пикап возило на Tesla, Cybertruck, Елон Маск се јави со нови информации кои не успеа да ги спомене на сцената.

Футуристичкиот дизајн наиде на поделени мислења кај јавноста. Можеби дизајнот не е за сечиј вкус, но импресивна е издржливоста на возилото изработено од челична легура, која се користи од страна на SpaceX програмата при изработката на Starship вселенското летало. 

Маск на Твитер најави соларен панел на кровот како дополнителна опрема, кој би ја надополнувал батеријата за околу 24 километри на ден. Воедно, изјави, доколку се додадат соларни крила кои би се склопувале, би ги полнеле батериите за 48 до 64 километри на ден, а дневниот просек на изминати километри во САД е 48. Додаде и дека би сакал возилото целосно да користи обновлива енергија. 

Големата рамна површина и острите агли на пикапот се соодветни за соларен панел. Иако не е толку ефикасен да ја наполни целата батерија, за секојдневно урбано возење би бил доволен. 

Ова се, сепак, само најави. Не се знае колку би чинела оваа опција, како би изгледале соларните крила и дали ќе биде достапна кога ќе започне продажбата на возилото. 

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаУред ги претвора паметните телефони во микроскоп
Следна статијаТелеком Black Friday попусти што не се пропуштаат