Фото: Shutterstock.com

Познатата авторка од ZDNet, Мери Џо Фоли, која важи за експерт за се поврзано со Microsoft, во својата најнова статија истакнува дека од компанијата се при крај со развојот на верзијата од Windows 10 која треба да им стане достапна на сите корисниците во пролет идната година.

Оваа верзија, поточно Windows 10 20H1 се тестира веќе подолго време, а посебно што втората поголема надградба за 2019 и не беше баш голема како што беше случајот со претходните години. Како што сигурно веќе знаете, Windows 10 November 2019 Update не донесе скоро ништо од нови функции, а во главно беше наменета за подобрување на перформансите и беше пуштена како и обичните месечни надградби.

Поради тоа, Microsoft почна да ја тестира надградба за идната година, уште пред втората за оваа да биде понудена на тестирачите. Тоа беше интересен развој, но се тек на време се разјасни зошто е така.

Според информациите, последната верзија која им беше пуштена и на тестирачите од брзиот и бавниот круг, означува дека истата е при крај со развој и полека може да се очекуваат и верзиите кои ќе им станат достапни на сите корисници во пролет. До тогаш ќе се продолжи со тестирање и пуштање на исправки, но се верува дека што се однесува до функциите, веќе ги имаме сите промени кои може да се очекуваат.

Оваа верзија ќе ја носи ознаката Windows 10 2004, а веќе одамна тие се прават врз основа на годината и месецот кога се пуштаат. Моментално најновата верзија од Windows 10 ја носи ознаката 1909, затоа што е завршена официјалната верзија во септември 2019.

Ова значи дека од Microsoft полека ќе почнат да ја тестираат 20H2 верзијата, односно надградбата која ќе треба да им стане достапна на корисниците во есен идната година.

Тоа што не е познато е дали повторно втората надградба за годината ќе биде помала или сепак идната година ќе можеме да очекуваме повеќе новини.  

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаВо руска фарма се тестира ефектот на поставување на ВР уреди на кравите
Следна статијаУред ги претвора паметните телефони во микроскоп
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.