Tesla го претстави Optimus – Gen 2, втора генерација од нивниот хуманоиден робот кој станува се поспособен во задачите кои е замислен да ги извршува.

Од компанијата првпат го претставија резултатот од нивната работа минатата година со Bumble C роботот, а оваа година и првата генерација од Optimus.

Замислата за овие роботи е да го заменат човекот во одредени индустрии во иднина која е јасно дека на човекот се повеќе ќе му овозможува да работи во повеќе платени и повеќе интелектуални работни позиции, додека „физичката“ работа се повеќе ќе биде префрлувана на ваквите роботи.

Optimus – Gen 2 доаѓа со делови кои се дизајнирани од страна на Tesla, а тука се и подобрувања како 30% поголема брзина на движење, „чувство“ на силата со која стапнува, намалување на вкупната тежина за 10 кг, подобрено одржување на рамнотежата, побрзи раце, „чувство“ на сите прсти и можност за работа со нежни објекти и повеќе.

Елон Маск го најави претставувањето на Optimus – Gen 2 објавувајќи видео преку неговата мрежа X.

Претходна статијаТ Бизнис конференција – за нови дигитални перспективи
Следна статијаSamsung ја носи колекцијата на легендарниот уметник Кит Харинг на телевизорите The Frame
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.