Фото: Starlink

Starlink ќе воведе ограничување на сообраќајот кој корисниците на нивниот сателитски интернет пристап ќе можат да го направат во текот на месецот. Ова ограничување ќе биде поставено на 1 терабајт, а корисниците кои ќе го надминат нема да бидат исклучени, туку ќе им биде намалена брзината.

Намалувањето на брзината ќе се прави зависно од оптовареноста на мрежата во тој момент, што значи дека тоа нема да биде константно.

Starlink во основа корисниците кои го надминуваат ограничувањето ќе ги префрли од „Priority Access“ во „Basic Access“ корисници со што во ситуации кога мрежата е оптоварена, тие нема да имаат приоритет на мрежата, а со тоа и брзината на пристап.

Од компанијата додаваат дека сообраќајот направен во периодот од 23 часот до 7 часот наутро, нема да се брои во тие 1 терабајт.

Овие промени моментално се најавени во САД и Канада, каде што бројот на корисници и многу поголем и има корисници кои активно го користат интернет пристапот. Дали ова ќе важи и за нашата земја, останува да видиме, а доколку веќе има корисници на Starlink, ќе бидат известени преку имејл за вакви промени.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаQualcomm потврди дека Galaxy S23 ќе работи на Snapdragon чип во целиот свет
Следна статијаМаск најави суспендирање на корисниците кои имитираат други по промената на правилата за верификација на Twitter
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.