Фото: Shutterstock.com

Една од првите одлуки на Елон Маск по станувањето на сопственик на Twitter, а засега и нејзин директор, е да ја зголеми цената на Twitter Blue, но и да додаде повеќе функции на оваа претплата, вклучувајќи и добивање на ознака за верификуван профил.

Оваа одлука мора да се каже дека е дискутабилна, иако Маск ја најави како начин да се справи со лажните и спам сметки на мрежата кои се верува дека се во огромен број. Како тоа мисли да го направи со олеснување на процесот на верификување на профилите, со едноставно плаќање на месечна претплата, останува да видиме.

Веднаш по пуштањето на оваа промена, неколку познати личности ги верификуваа своите профили и го променија своето име во Елон Маск, а со тоа сакаа да покажат дека ваквата одлука нема да ги донесе саканите ефекти кои ги очекува новиот сопственик.

На Маск ова не му се допадна, па објави дека сите профили кои ќе имитираат друг, без јасно да истакнат дека се работи за пародија, ќе бидат перманентно суспендирани. Тоа веќе почна да се применува, па на пример, профилот на Кети Грифин беше ограничен.

Според информации кои излегоа минатата недела, процесот на верификување на профилите не бил баш како што треба и пред доаѓањето на Маск. Наводно, вработени во компанијата наплаќале огромни суми за да овозможат верификување надвор од процедурите на мрежата.

Без разлика на овие случувања, очекувања уште се високи за тоа дека Маск ќе донесе позитивни промени со купувањето на Twitter. Друштвените мрежи, како и доста познати медиуми во САД со години се под влијание или контрола на екстремната левица во земјата. Овие, како што се нарекуваат либерални движења, изминатите години се имаат претворено во се освен либерални. Тие сметаат дека имаат право да одлучуваат што може, а што не да биде објавено во јавноста, а корона кризата покажа дека беа блокирани доста информации кои оваа година знаеме дека се точни.  

Претходна статијаStarlink додава ограничување од 1 терабајт на интернет сообраќајот
Следна статијаTwitter ќе добие можност за објава на подолги текстови како дел од „твитовите“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.