Повеќе пати досега можевме да прочитаме дека Samsung од идната година веќе нема да користи два различни чипови кај нивната Galaxy S серија. Оваа информација привлекува внимание во главно поради послабите тестови на Exynos чипот од Samsung кој го користат во Европа, односно во нашата земја.

Иако повеќето корисници не можат да ја забележат разликата во перформансите, Exynos чипот сепак е далеку од лош, сепак посериозните тестови покажуваа дека овој чип е нешто послаб од Snapdragon, повеќе се загрева и ја троши батеријата нешто повеќе.

За време на презентацијата на финансиските резултати, од Qualcomm може да се каже дека ја потврдија промената на политиката на Samsung и идната година можеме да очекуваме дека сите модели, без разлика на регионот, од Galaxy S серијата ќе дојдат со Snapdragon чип.

Би сакале да видиме уште некој поконкретна потврда, но сепак и ова е доволно за да можеме да бидеме сигурни дека Galaxy S23 ќе дојде со Snapdragon 8 Gen 2 во целиот свет.

Според неофицијалните информации, претставувањето на Galaxy S23 серијата може да се очекува на почетокот од февруари 2023 година, односно за три месеци од сега.

ИЗВОРGSMArena
Претходна статијаAMD ги претстави графичките картички направени со RDNA 3 архитектурата
Следна статијаStarlink додава ограничување од 1 терабајт на интернет сообраќајот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.