CfjLGD1VIAA1a8p.jpg large

Потребни беа, слободно би кажале, само 5 обиди за SpaceX да ја постигне саканата цел, а тоа е вертикално слетување на нивната Falcon 9 ракета на платформа во океан.

Претходните 4 обиди поминаа неуспешно, односно ракетата заврши целосно уништена, иако последниот обид се чинеше до последните неколку секунди дека ќе помине како што треба.

SpaceX има и едно успешно слетување на нивната ракета, меѓутоа на копно, што се смета за многу поедноставно. Сепак, површината на копнената платформа е многу поголема и не се движи, за разлика од истата која е во океан.

Причината поради која се даде толку голем труд, а и пари, за успешно слетување на платформата во океан, во основа се сведува на заштеда на пари.

Зошто слетувањето на платформа во океан на крај придонесува за заштеда на пари ?

Ракетата при лансирањето не оди во точно права линија до орбитата на Земјата. Истата обично следи параболична траекторија, па враќањето на истата точка од каде што има полетано бара многу повеќе гориво поради репозиционирањето и враќањето во обратен правец.

Исто така, при носење на поголем товар во повисоката орбита, враќањето на местото на полетување може и да не биде возможно, односно да не може да се понесе доволно гориво.

Платформата во океан може да биде однесена на најдобрата можна локација со што слетувањето ќе подразбира само мало насочување на ракетата, па заштедата на гориво станува значителна.

Кога на ова ќе се додаде фактот што истата ракета повторно ќе се користи за наредна мисија, наместо произведување на нова, заштедата станува голема.

Извор: The Verge, TNW, Cnet

Претходна статијаНајдобрите програмери по десетти пат ќе се натпреваруваат на CodeFu
Следна статијаПат кон бесмртноста – Дел 1 – Аналоген
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.