a05

Натпреварот во решавање алгоритамски проблеми CodeFu, што веќе десетта година по ред го организира софтверската компанија Netcetera, ќе почне да се одржува деновиве. На 10. јубилејно издание на CodeFu силите ќе можат да си ги одмерат додипломци и последипломци од земјава, при што особено голем интерес за овој натпревар има кај студентите од ФИНКИ и сродните факултети на останатите државни и приватните универзитети.

Овој натпревар првпат почна да се организира во 2007 година, а правилата се речиси исти до денес. Од вкупно пријавените, со принцип на елиминација во две рунди, остануваат само 32 натпреварувачи кои си ги одмеруваат силите во финалето. Покрај ранци, маички и сличните подароци за сите учесници, победниците на натпреварот добиваат атрактивни награди како што е целосно платено патување во Цирих со цел посета на конференцијата Jazoon. Бројот на пријавени, од почетокот досега постојано расте, при што бројката достигнува и по повеќе од 120 пријавени секоја година за учество на CodeFu.

Големиот натпревар не е единствениот CodeFu настан во текот на годината. Тој со себе носи и четири сезонски натпревари, каде наградите за победниците се андроид таблети, како и повеќе Community натпревари каде што натпреварувачите самите ги поставуваат задачите кои треба да се решат.

За повеќе информации, правила на учество и сѐ друго во врска со натпреварот посетете ја страницата на CodeFu (http://codefu.mk/)

Code Fu Poster [50x70]

Претходна статијаBlue Screen of Death на Windows 10 ќе вклучува QR код за полесно откривање на проблемот
Следна статијаSpaceX конечно успеа да ја слета Falcon 9 ракетата на платформа во океан
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments