bsod-qr-01

Познатиот BSOD, односно Син екран на смртта, можеби поретко се случува на поновите верзии од Windows, а посебно десетката, но сепак неговата појава кај одреден процент од корисниците е неизбежна.

Изгледа дека Microsoft ќе се обиде да го направи ова искуство помалку лошо со олеснување на начинот на којшто корисниците ќе можат да дознаат што го има предизвикано проблемот.

За таа цел додаден е нов текст на којшто има и адреса од нова страна на која може да се добијат повеќе информации за грешката која го има предизвикано проблемот. Корисниците ќе можат и да го кажат кодот на грешката на техничка поддршка и да добијат повеќе информации.

bsod-qr-02

Како дел од новиот екран е и QR код којшто носи до страната на која може да се добијат повеќе информации. Ова може да се промени до официјалното пуштање, па QR кодот да носи и до поконкретна страна за решавање на проблемот.

Извор: Neowin, Windows Central

Претходна статијаBlackBerry спрема два нови поевтини Android смартфони
Следна статијаНајдобрите програмери по десетти пат ќе се натпреваруваат на CodeFu
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.