rocketbook

Здраво љубители на пишувањето на хартија, со задоволство можеме да ве известиме дека Rocketbook е првиот „лаптоп“ кој е изработен од хартија и на кој лесно може да се пишува. Бришењето? Ќе го ставите неколку минути во микробанова печка! Не, не е научна фантастика – проектот навистина постои и навистина работи.

Концептот е паметна комбинација на старата добра технологија, хартијата, со нова, футуристичка технологија. Големината на тетратката е 11 инчи, што е веројатно идеално за пишување, бидејќи е најблизу до A4 форматот на хартија.

Интересно, тетратката вклучува неколку икони во долниот дел, кои содржат неколку потребни сетинзи, како на пример за прикачување на цртежите или напишаното на Dropbox. Да, се што ќе нацртате тука може да се префрли на Cloud на интернет, со помош на камерата на мобилниот телефон и потоа можете да го искористите каде сакате. Начинот на кој што напишаната содржина се пренесува во облакот е преку препознавање на иконата која што е „обоена“ од страна на посебната апликација на мобилниот.

Најинтересната технологија од новиот Rocketbook е можноста за користење на Pilot FriXion пенкалцата, чие мастило е осетливо на топлина и лесно може да се избрише во микробранова печка, за околу 30 секунди. На овој начин, на Rocketbook ќе можете да нацртате многу повеќе цртежи отколку што налагаат 100-те страни хартија. А да, не мора да се грижите дека ќе се запали хартијата – изработена е од полипропилен, кој е отпорен на микробрановите.

Концептот во моментов инаку е “Indiegogo” кампања, во која се собираат средства за лансирање на продуктот. Иако има уште 25 дена до крајот на спонзорирањето, проектот веќе заработи 180.000 долари, што е многу повеќе од проценката за 20.000 долари, колку што бараа од Rocketbook.

Книжниот „лаптоп“ ќе биде лансиран во Јули и ќе може да се поврзе со Android и iOS уредите. Цената на првите прототипи беше околу 25 долари, па не се очекува претерано покачување на цената за сериските модели.

Извор: Cnet

Претходна статијаНајголемиот светски телескоп ќе биде конструиран во Чиле
Следна статијаНашата галаскија е поголема од досегашните верувања