eso1225a.0.0

Вселенските агенции се натпреваруваат на повеќе нивоа: освојување на вселената, населување на Месечината, Марс и Венера, орбитални летови околу Земјата, излез од Сончевиот систем, откривање на специфичностите на другите планети и сателити во Сончевиот систем, како и во технологијата на телескопи.

Околу последново, веќе пишувавме за огромниот телескоп кој ќе се гради на Хаваи. Најновата вест од светот на телескопите уште повеќе ќе ве изненади – најголемиот телескоп во светот ќе се гради во Чиле, под капата на Европската јужна обсерваторија (ЕЈО; European Southern Observatory). Овој телескоп ќе го носи името Европски екстремно голем телескоп (ЕЕГТ; European Extremely Large Telescope), а широчината на неговото композитно огледало ќе биде скоро 40 метра. Средствата за телескопот беа одобрени во 2012 година и се во износ од 1 милијарда евра.

Со ваквото огледало ЕЕГТ ќе биде способен да прибере 100 милиони пати повеќе светлина него човековото око. Со ваквата способност научниците од ЕЈО се надеваат дека покрај тоа што ќе можат многу појасно да ги гледаат ѕвездите, ќе можат да ги забележат и засебните планети па дури и да ги анализираат за знаци на живот. Ова ќе се однесува особено на планети од други ѕвездени системи налик на Земјата, со сличен состав, оддалеченост од нивната ѕвезда и со присуство на вода.

Според Лиза Калтенегер, Директор на Институтот на бледи плави точки на Корнел, „Нас ни требаат вакви големи телескопи бидејќи планетите налик на Земјата се помали и имаат релативно потенки атмосфери – и затоа ни треба да примиме многу светлина за да ги анализираме и да бараме за потенцијални знаци на живот“.

Извор: VOX, Nature World News

Претходна статијаVaio го лансираше својот прв паметен телефон
Следна статијаRocketbook – Хартиена тетратка наменета за 21-от век