Фото: Shutterstock.com

Јапонската компанија Canon успеа да развие материјал кој би се користел во Quantum Dot технологијата за екраните која веќе се користи од страна на производителите, а изминатите години и во OLED панелите.

Предноста на QD е што овозможува поголема светлина и појасни и посилни бои, во споредба со OLED, па затоа и комбинацијата на овие две технологии моментално ги дава едни од најдобрите панели кои некогаш се користеле кај телевизорите и мониторите.

Успехот на Canon е во користењето на оловото како материјал на местото на индиумот, кој се користи моментално. Со помош на нивната експертиза во развојот на печатари и тонери, од компанијата имаат постигнато да QD панелите направени со помош на олово имаат иста долгорочност како сегашните. Ова е една од мааните поради која досега не се користеше овој материјал.

Уште една предност се истакнува во развојот на материјалите од страна на Canon, а тоа е намалувањето на зависноста од Кина, која е еден од најголемите извозниците на ретките материјали кои се користат сега.

Намалувањето на зависноста од Кина е нешто што е голем приоритет на западните земји, како и тие кои се во добри односи со нив.

Новите материјали се најавува дека е во план да почнат да се користат во наредните неколку години, а некаква корист треба да видат и корисниците наводно со пониски цени.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Nikkei
Претходна статијаФИТР со нов јавен повик за комерцијализација на иновативноста на македонските компании
Следна статијаНовата Dev Home апликација донесе неколку корисни „виџети“ на Windows 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.