Во рамките на Build 2023 конференцијата, Microsoft ја претстави апликацијата Dev Home преку која Windows 11 треба да привлече повеќе од вниманието на програмерите кои обично се на некоја од Linux дистрибуциите или на macOS.

Оваа апликација треба да претставува еден контролен центар за прогремерите од каде ќе можат да ги инсталираат сите потребни апликации, да ги постават потребните околини и слично, а ќе можат да се поврзат и со нивната GitHub сметка, како и да креираат посебен, побрз и побезбеден „диск“ наречен Dev Drive.

Покрај ова, апликацијата донесува и можност за следење на ресурсите од компјутерот, како што е меморијата, процесорот и слично.

Инсталирањето на апликацијата ја донесува можноста за следење на ресурсите во делот за „виџети“ преку четири нови вакви „информативни картички“.

Корисниците нема потреба да ја прилагодат апликацијата, па се што треба е да ја инсталираат преку Microsoft Store и виџетите ќе бидат додадени.

Достапни се четири нови виџети, односно виџет за процесорот, меморијата, графичката картичка и за мрежата.

Може да се каже дека ова се првите навистина корисни виџети од Microsoft, па корисниците би имале и почеста причина да го отвораат делот наменет за нив.

Овие информации секако може да се добијат од самиот Windows, преку Task Manager на пример или други апликации, но можноста да се секогаш достапни во делот за виџети е најпрактична.

Ваквите виџети ќе бидат уште покорисни кога ќе се воведе можноста, се’ уште неофицијална, за нивно поставување на десктопот.

Претходна статијаQD OLED материјалите кои ги разви Canon не користат ретки материјали и треба да овозможат намалување на цените и зависноста од одредени земји
Следна статијаAir New Zealand ќе започне со мерење на тежината на своите интернационални патници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.