Голем проблем во сегашната протетичка технологија е тоа што пациентите можат да фаќаат и допираат предмети со неа – но не можат да осетат што точно допираат. Сите досегашни протетички раце и други уреди немаат чувство за допир и тоа со добра причина.
Проблемот е во тоа што човековото чувство на допир, кое е изразено преку електрично празнење низ нервите, е многу тешко да се симулира. Секако, науката, истражувачите и инженерите не застануваат тука па можеби се на чекор да го остварат ова.
Имено, еден проект на DARPA со средства во висина од 1,9 милијарди долари е на пат да оствари нов тип на електрода наречена периферно макро-сито нервно опкружување (macro-sieve peripheral nerve interface). Таа ќе биде направена од тенок материјал налик контакти леќи, и ќе овозможи на пациентите да чувствуваат топлина, ладно и притисок преку стимулација на нервите во подлактицата.
За да можат да го остварат ова, истражувачите прво ќе мора да направат анализа на карактеристичното кодирање на сигнал преку човековите нерви. Заради ова, ќе почнат со вградување импланти во нечовечки примати и ќе го набљудуваат протокот на сигнали до периферните нерви преку техника наречена „насочување на струја“. Потоа ваквите модели и анализи ќе ги префрлат во дизајнирањето на осетливите кола за протетичките раце за луѓето, кои еден ден веројатно ќе имаат и чувство на допир.