Компанијата General Electrics развива нова начин на поставување на сензори што ќе овозможи тие да бидат поставени на места досега недостапни и невозможни со користење на стандардни сензори. Се работи за технологија која што ќе комбинира разни материјали способни да реагираат на промени со други материјали добивајќи смеса слична на паста. Оваа паста се нанесува на саканиот материјал со помош на шприц во процес кој што може да се спореди со 3D печатење, но во многу помала форма.
Оваа технологија се очекува да ја најде својата примена на места кои што сега не се достапни за постојните сензори, како што се на пример моторите во авионите. Поставувањето на сензори во моторите од авионите ќе овозможи многу побрзо откривање на проблеми со материјалите, а со тоа значително треба да се зголеми безбедноста во авиосообраќајот. Исто така поставувањето на сензори на вакви места ќе овозможи подобро следење на работата на уредите, во случајот моторите и со тоа подобрување на нивниот дизајн и начин на работа.
Технологијата се нарекува Direct Write и нејзиниот развој е започнат уште во 90-десетите години од страна на DARPA. Сензорите поставени на овој начин можат да издржат температури до околу 1.100 степени Целзиусови, што во комбинација со флексибилноста на материјалот, отвора навистина големи можности за примена.
Извор: Engadget, The Wall Street Journal