Beta public roads edit

Минатата недела Google официјално започна да го тестира нивниот самоуправувачки автомобил на јавните улици во Mountain View, California, поточно во градот каде што се наоѓа нивното седиште.

Се работи за често нарекуваниот „сладок“ автомобил целосно развиен од страна на Google, кој што е направен да функционира целосно независно од возачот во него (ако уште може да се нарекува возач личноста внатре). Тоа значи дека автомобилот кога ќе биде официјално пуштен во употреба, нема да вклучува ниту педали, ниту волан, нешто што сега мора да го има поради безбедност при тестирањето.

За жал тестирањето на автомобилот се одвива доволно далеку од нас за да можеме да го видиме, па затоа тука се известувањата од луѓето кои што се во можност за истото да го направат.

Во продолжение можете да видите видео направено од страна на порталот PCWorld кои што решиле да следат еден од овие автомобили и да видат како тој вози по јавните улици, односно како се справува со сообраќајот.

Како што истакнуваат, автомобилот вози со прилично ниска брзина од 40 километри на час. При возењето вклучени му се посебни трепкачи кои што привлекуваат внимание на возилото. Успешно се справува со поминувањето на раскрсниците, но истакнуваат дека вози повеќе спрема центарот на улицата кога од десната страна има паркирано други возила.

Извор: PCWorld

Претходна статијаДостапен iOS 8.4 – Го вклучува новиот Apple Music сервис
Следна статијаMicrosoft заинтересиран за купување на AMD?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.