iPhone6-3Up-AppleMusic-Features-PR-PRINT

Од денеска за корисниците на iOS 8, достапна е надградба на оперативниот систем која што го носи на верзија 8.4. Новата верзија вклучува неколку промени, меѓу кои главната е достапноста на новиот Apple Music сервис за стриминг на музика, најавен на почетокот од овој месец.

iOS 8.4, кој што е достапен директно преку уредот или преку iTunes, може да се инсталира на iPhone 4S и понов, iPad 2 и понов, како и петата генерација од iPod Touch.

Главната новина доаѓа во форма на редизајнирање на Music апликацијата која што сега е целосен музички сервис. Apple Music во основа не е нешто ново, па може да се каже дека Apple воведува нешто што е веќе популарно кај корисниците. Сервисот овозможува стриминг на голем број на песни, како и вклучување на сопствената колекција на песни.

Една работа која што го издвојува Apple Music од конкуренцијата е Beats 1 радио станицата која што ќе биде достапна преку сервисот и ќе вклучува 24/7 програма за слушателите.

Од останатите новини во 8.4 верзијата се издвојуваат: исправка на баг кој што го ресетира системот по внесување на одредена група на карактери, нова верзија на iBooks која што сега поддржува аудио книги, исправка на неколку други багови, како и стандардните подобрувања на перформансите.

Извор: Apple Insider, TechnoBuffalo

Претходна статијаЛондон за прв пат во историјата ќе добие целосно електричен двокатен автобус
Следна статијаPCWorld следеше еден од самоуправувачките автомобили на Google
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.