https-_blueprint-api-production-s3-amazonaws-com_uploads_card_image_207330_jeff_bezos_pad

На кого ракетата му е поголема, на Џеф Безос од Amazon или на Елон Маск од SpaceX? Изгледа дека во битката, кога „картите“ се на маса, мала приремена предност ќе добие Џеф Безос со неговата најнова орбитална ракета наречена New Glenn.

Се работи за чудовиште од 95 метри кое ќе лета во 3 стадиуми и ќе има потисна снага од цели 3,4 милиони килограми! Со ваквата снага ќе има поголема сила него ракетите кои ги лансираа астронаутите на САД на Месечината, а со висината ќе биде прилично повисока (подолга?) од Falcon 9 Full Thrust на SpaceX, која е висока 70 метра. Тоа значи дека New Glenn, која е наречена по првиот астронаут од САД во вселената – Џон Глен, ќе може да носи товар до МСС, а можеби ќе може да се искористи и за пат до Марс.

Засега не изгледа дека Безос и Маск се во меѓусебен натпревар за кој ќе ја направи најспособната и најдолгата ракета излезена од приватни раце, но развитокот на ракетна технологија преку нив полека се префрла од доменот на држави и влади во доменот на приватници. Кога се работи за великани како овие двајца, тоа е добра работа.

Џеф Безос во оваа прилика самиот напиша вака:

„Нашата визија е милиони луѓе кои живеат и работат во вселената, и (за тоа) New Glenn е многу битен чекор. Секако, нема да биде последен. Следно на нашата табла е: New Armstrong. Но, тоа е приказна за иднината“

Кој е жив и здрав во следниве 2-3 децении можеби ќе има шанса да летне во вселената (и да ја види целата апаратура на NASA со која нè лажат дека Земјата е округла). Да се надеваме само дека здравјето ќе ги држи и двајцава пионери на приватниот вселенски лет.

Дополнителни информации: PopSci, Mashable

Претходна статијаSwiftKey за Android надградена да работи на база на неврална технологија
Следна статијаQualcomm разви двојна камера за смартфони “Clear Sight”, ќе биде одлична при ноќно сликање

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.