Големите компании како Samsung и IBM, но и научната фела во последните неколку години се насочени кон употреба на графeн. Графенот е дводимензионална јаглеродна структура со дебелина на еден атом. Овој материјал се смета дека е еден од најтенките и најсилните материјали кои постојат, а воедно и одличен спроводник на електрична енергија.

гт

Иако сите овие одлики го прават некои да го нарекуваат чудо од материјал, сепак графенот има и недостатоци. Покрај тоа што може да биде штетен за околината, негов најголем проблем претставува неговата дводимензионалност која што предизвикува големи проблеми во производството на електроника, посебно на комплексни парчиња хардвер.

Поради оваа причина, истражувачите од три научни институции како Oxford, Stanford и Berkeley го насочија своето истражување кон нов материјал токму за оваа намена. Кадмиум арсенид е материјaл кој ги има истите извонредни електронски својства како дводимензионалниот графен, но со својата трoдиминзионална форма може да се користи полесно во електронските уреди како транзистори, сензори, транспарентни електроди и сл. Може да пренесува електрична енергија со многу голема брзина и има многу слични карактеристики на графенот што го прави одличен за секојдневна употреба.

гтт

Научниците од гореспоменатите научни институции се надеваат дека овој материјал набрзо ќе го замени графенот, и ќе овозможи полесно производство на електронски делови.

Извори: Еngadget, Phys

Претходна статијаРаспоредот на натпреварите од светското првенство во фудбал на вашите календари
Следна статијаПретворете го вашиот обичен часовник во паметен со Glance додатокот