Фото: Shutterstock.com

USB Promoter Group, зад која стојат Microsoft, Apple, Intel, HP и други, го најави претставувањето на USB4 2.0 спецификацијата која донесува повторно дуплирање на брзината на пренос на податоци од претходната верзија, а овој пат и ги надминува карактеристиките на Thunderbolt.

Оваа нова верзија од USB4 ќе донесе брзини до 80Gbps, а ќе продолжи да ги користи USB Type-C каблите и конекторите. Новиот стандард ќе биде компатибилен со претходните верзии, односно со USB4 1.0, USB 3.2, USB 2.0 и Thunderbolt 3.

Официјално USB4 2.0 ќе биде претставен во ноември пред почетокот на USB Developer Days 2022, по што може да се очекува на пазарот да почнат да излегуваат новите уреди.

Некои од главните предности кои доаѓаат со новата верзија и спецификација од USB4 вклучува можност за поврзување на монитори со висока резолуција и повисока стапка на освежување, поврзување на повеќе од два монитори со висока резолуција, подобро функционирање на „док“ уредите и повеќе.

Сето ова во главно ќе им направи голема разлика на гејмерите, а посебно на креаторите кои работат со видео, додека обичниот корисник веќе има одлични можности со достапните уреди.

Новата верзија од USB4 е направена со нова „physical layer“ архитектура и ќе може да функционира на сегашните USB-C пасивни кабли со брзина од 40Gbps и со новите USB-C активни кабли со брзина од 80Gbps.

ИЗВОРPCWorld
Претходна статијаНовите исечоци кај iPhone 14 Pro ќе бидат софтверски споени во еден
Следна статијаПотпишан меморандум за соработка помеѓу Евро-Атлантскиот Совет и ИДУЕП
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.