Фото: MacRumors

Една од главните новини кај iPhone 14 телефоните, која треба да биде достапна само кај „Pro“ верзиите, е замена на исечокот на екранот со две „дупки“, едната за камерата, а другата во форма на „апче“ за Face ID системот.

Како тие би изгледале веќе можевме да видиме од слики направени на основа на информациите, но изгледа дека на Apple не им се доаѓа тој изглед да биде баш така.

Според информациите, кои на Twitter ги потврдува познатиот Марк Гурман, двете дупки ќе бидат споени софтверски, односно пикселите помеѓу нив ќе бидат исклучени. Како причина Гурман го дава чудниот изглед доколку тие не се споени.

Ваквиот изглед ќе ја намали разликата од сегашните модели, како и основните два iPhone 14, па останува да се види во живо како ќе изгледаат новите Pro телефони од Apple.

Оваа одлука остава простор да овој дел од екранот ги прикажува информациите, односно двете мали точки, за тоа дали камерата и микрофонот се користат во моментот. Тоа сега се прикажува десно од исечокот, па можеби подобро би изгледало во средината.

Додатно, се истакнува дека Apple може големината на исклучените пиксели да ја прилагодува и околу дупките, зависно од содржината која се прикажува, повторно со цел да не изгледаат работите чудно. Можеме да замислиме дека не би било баш најдобро да во малиот простор над дупките се гледа нешто при гледање на видео, на пример.

Настанот на кој ќе бидат претставени новите iPhone 14-ки е закажан за идната среда, односно за 7 септември и ќе може да се гледа во живо со почеток во 19 часот по македонско време.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаДонација од „Макпетрол“ за основните училишта во општина Центар
Следна статијаНајавено претставувањето на USB4 2.0 верзијата која ја дуплира брзината на 80Gbps
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.