Mooney M10 авион
Mooney M10 авион
Mooney M10 авион

Иако Kина е една од најобемните светски економии (сега изгледа веќе прва по обем во светот) и го има еден од најинтензивните растови на БДП и општото богатство, таа се` уште каска позади европските земји и САД кога се работи за некои домени на слободното граѓанско живеење, човековите права, приватен бизнис… Истото важи и за приватната авиоиндустрија која практично ја нема на територијата на Кина. Тоа доаѓа во главно од регулациите кои оневозможуваат приватни летови бидејќи целиот овој простор го контролира кинеската армија. Но можеби ваквата ситуација е на пат да се смени и тоа со помош на една американска компанија.

Компанијата Муни Евиејшн Компани (Mooney Aviation Company; понатаму: МЕК) која се наоѓа во Тексас била основана во 1929 г. и работела на супербрзи приватни авиони со пропелер. Но некаде во 2009 г. престанала со постоење поради финансиски потешкотии, по што бива купена од кинеска компанија која се бави со имоти. Сега таа компанија планира да го активира производството во МЕК, но да го префрли во фабрика во Кина. Со ова ќе овозможи некаков притисок кон развиток на приватниот лет во Кина иако ќе треба да помине доста време за тоа да се дозволи официјално.

Уште една голема пречка кон приватното летање во Кина е цената на авионското гориво која е огромна, земајќи предвид дека често е двојно поскапа од споредбената цена на истото гориво во САД. Земајќи предвид дека просечниот кинески стандард е далеку под американскиот, тоа е директна пречка за развиток на приватниот авионски сообраќај, барем за стандардниот. Но затоа од МЕК планираат авионот кој ќе го произведуват да го снабдат со дизел мотор кој ќе ја избегне потребата да се користи посебно авионско гориво.

Денешната дизелска технологија има значително напреднато до степен каде самите мотори се многу лесни, а многу издржливи и заедно со високиот момент на моќност (карактеристика за дизелашите) овозможува да скоро без проблеми се искористи како главен погон во некој мал авион, токму како планираниот Mooney M10. Верзијата (Ј) од авионот за еден човек ќе лета со максимална брзина од 441 километри на час, а верзијата за двајца (Т) ќе биде побавна со максимална брзина од  околу 300 км/ч со автономија од 900 – 1.600 километри.

Останува да видиме како ќе се развива Кина во оваа гранка која што би било штета да изостане покрај целиот друг развиток во оваа држава.

Извор: Wired

Претходна статијаSpecimen Box – новата футуристичка алатка на Микрософт за борба против Интернет заканите
Следна статијаТехнолошка невработеност: Адаптација и соочување со предизвикот