Иако не ги набројавме сите експресии кои ги правите со лицето кога чувствувате нешто, Microsoft тврди дека има нов софтвер кој може да ги прочита сите емоции.
Системот, како и секој друг сличен на него, има веќе испроцесирано илјадници вакви фотографии од најразлични луѓе и според тие вредности, може да процени каква е вашата емоција во некоја нова фотографија. Ова значи дека секоја фотографија што ќе ја препознае како точна, може да ја користи понатаму за уште подобро препознавање во иднината – софтверот учи сам.
Сега, нормално би можеле да се запрашате каде би се користел ваквиот систем? Денес, маркетингот функционира така што сака да ги „зароби“ вашите емоции, односно да направи да го сакате новиот производ. Така, со овој систем, продавачот ќе може директно да ги следи емоциите на секој човек, кога тој ќе се запознае со некој нов производ. На пример, начинот на кој реагирате кога ќе видите некој нов смартфон во некоја продавница.
Покрај системот за препознавање на емоциите, Microsoft развива и специјален софтвер кој ќе може лесно да направи спелување на зборовите што ги зборувате. Ова секако работи на англиски јазик, бидејќи кај нас читаме како што пишуваме и обратно, но може да биде корисно во многу ситуации кога е потребен директен „превод“ во некои видеа, како на пример за глуви лица и сл. Microsoft вели дека овој софтвер може да распознае и сленгови, како и тешки зборови за распознавање кога ги зборувате – “Four” или “For”.
Двата нови продукти на Microsoft се достапни преку Project Oxford веб сајтот, како јавна бета, што значи дека и вие можете да ги видите и да си поиграте со нив.
Извор: Windows Central, Project Oxford