ufoisxeqr4rfs3tlzoyi

Кој (од тие над 25 години) се замислувал дека ќе го помине целиот живот снимајќи се` што му се случува пред очи? (Два-тројца креваат рака.) А, кој од тие под 25 години се замислувал на истото? (Креваат рака еден куп.)

Токму така, 3RDi е еден потенцијално иритантен уред-камера кој ќе има задача да го сними вашиот живот, како и сечиј друг кој се нашол пред вас. Си одите така низ град и си снимате, а другите луѓе треба да ви мавтаат и да се смеат кога го правите тоа бидејќи нели – концептот за приватност е толку „за претходниот век“.

Се работи за камера во вид на прстен кој се става на вашата глава, поточно чело, и овозможува снимање во HD резолуција. Ако сакате да направите фотографија допирате од левата (без блиц) или десната (со блиц) страна. За снимање видео се лизга по површината на прстенот.

Шала на страна, постојат некои начини на употреба кои нема да бидат папараци-настроени, а ќе овозможат остварување на разни корисни функции. На пример, 3RDi би бил совршен за снимање на направи-сам видеа, рецензии на уреди, спортски подвизи, а секако ќе ви помогне да не ви отпадне раката снимајќи го омилениот концерт. Едноставно ја сместувате на глава и снимате се` што е пред вас во HD резолуција што е доволно добро засега.

За 3RDi има Indiegogo кампања која засега не е најдобро поддржана, па ако сте заинтересирани за купување на еден уред можете да донирате 194 долари и да си добиете еден ако успее кампањата.

Извор: CNet, 3RDiTek, Indiegogo: 3RDi

Претходна статијаMicrosoft може да детектира дали сте среќни, тажни или налутени во фотографиите
Следна статијаFirefox за iOS официјално достапен за корисниците