Photosynth е 3D технологија развивана од страна на Microsoft. До сега со неа, преку апликациите за Windows Phone и iOS, можевте да правите панорамски слики, односно да направите слики од простор на повеќе страни, па апликацијата сето тоа го комбинираше во една слика преку која добивате поглед од поширок агол.
Со најновата верзија, односно третата генерација, на оваа технологија, Microsoft претставува неколку нови можности кои го надминуваат обичното правење на панорамски слики. Наменета е за корисниците на D-SLR камерите, како и послабите аматерски модели на дигитални камери. Сликите ги качувате на Photosynth серверот преку апликација достапна сега за сега само на Windows, по што добивате три димензионален поглед на просторот направен со комбинирање на прикачените слики.
Spin around Haystack Rock by adam_mitchell55 on Photosynth
Како функционира ?
Кога ќе прикачите слики на серверот, технологијата почнува со тоа што бара одредени точки, наречени карактеристики, во последователни слики кои што се од истиот објект. Доколку се најдени повеќе карактеристики кои што се повторуваат во сликите, тогаш оваа информација се пренесува на вториот чекор: прилагодување на пакетот. Овој чекор, одредува каде во 3D просторот секоја од карактеристиките се наоѓа, точно од каде секоја слика била сликана и како камерата била насочена за секоја слика.
Трето, технологијата ги користите карактеристичните точки во секоја слика за да генерира 3D облици. Тоа го прави на секоја посебна слика, наместо да проба да генерира генерален 3D модел за сцената. 3D моделот генериран од страна на Photosynth е груб, односно сеуште не е готов.
Наредно, технологијата пресметува мазен пат низ просторот (или најблиску до тоа) на локациите на камерата за секоја слика. Користејќи го овој пат, Photosynth претставува искуство на движење низ просторот како лизгачко движење иако сликите биле сликани од различни висини или агли.
Новата генерација на оваа технологија овозможува 4 ефекти, односно spin, panorama, walk, и wall (вртење, панорама, движење, ѕид).
Spin ефектот се добива со слики кои што се сликани околу еден објект, вртејќи се околу него.
Example of a spin synth by wideangle on Photosynth
Panorama ефектот се добива со слики кои што се сликани од една точка гледајќи на сите страни.
Example of a panorama synth by wideangle on Photosynth
Walk ефектот се добива со слики кои што се сликани движејќи се во одреден правец.
Example of a walk synth by wideangle on Photosynth
Wall ефектот се добива сликајќи слики на простор една до друга.