Обновливите извори на енергија, секојдневно стануваат сè поактуелни и придонесуваат за развој на многу атрактивни проекти. Еден ваков проект е и новата амбициозна технологија на компанијата New Wave Energy за изградба на првата соларна електрана поставена на небото.
Идеjата е со помош на мрежи од безпилотни летала, секое со големина од 20 m × 20 m, да се направи електрана која би примала енергија од повеќе извори. Планот е овие платформи да лебдат на 15 000 m надморска височина, каде воздушниот сообраќај е многу мал, ветровите се стабилни и нема да претставуваат никаков проблем.
На секое летало би се поставиле 4 ротори, 8 ветерни турбини и рамна површина од околу 400 m2 за генерирање на сончева енергија. Тие ќе бидат во можност за сопствени потреби да користат дел од примената енергија и да генерираат дополнителни 50 kW кои ќе се пренесуваат безжично до станици на земјата. За безжичниот пренос на електрична енергија, верувањето на Никола Тесла од пред многу години, компанијата соработува со истражувачи од Соединетите Американски Држави кои веќе ја имаат развиено оваа технологија со пренос на енергија од сателитите до земјата. Специјален тип на антени (Rectenna) кои се користат за конверзија на микробранова енергија во еднонасочна електрична енергија ќе бидат поставени на земјата за да ја примаат енергијата.
Ако системот работи без прекин, се проценува дека воздушната електрана составена од илјадници безпилотни летала ќе биде со моќност од 400 MW, доволно за да снабди повеќе од 205 000 домаќинства годишно.
Придобивките од овој проект, според истражувачите во New Wave Energy се многу големи како на пр:
- Снабдувањето со електрична енергија би се одвивало во било кое време, на секое место на земјата, било да е погодено од криза или природна катастрофа;
- Зафатеност на земјиште кое би можело да се користи за други намени и негативно влијание врз животната средина би се избегнало;
- Трошоците би биле помали поради безжичниот пренос на енергија и сл.
За остварување на овој проект потребен е голем капитал, па официјано е предложен и на Kickstarter како кофинансирачки проект (видео). Желбата е за 6 месеци да се соберат 170 000 фунти за изградба на прототип, а за понатаму до 320 000 фунти само преку оваа web страна. Покрај Kickstarter, компанијата проценува дека ќе бидат потребни околу 32 милиони фунти кои би се овозможиле од инвеститори, приватни фондови и енергетски компании за оваа идеjа да стане реалност.
http://www.youtube.com/watch?v=ejYR_UmK1gA