Screen-Shot-2016-03-09-at-10.08.20-AM-640x351

Сите од нас кои го гледаа All Star натпреварот во NBA лигата, забележаа дека најинтересните и најатрактивни потези во повторените снимки беа претставени целосно просторно, односно видеото буквално врти околу играчот, со цел да се добие целосно 3D искуство. Зад ваквата технологија стои израелска компанија “Replay Technologies”, која штотуку беше купена од Intel за 175 милиони долари.

Технологијата која може да прикаже вакви снимки е прилично сложена и вклучува 28 камери поставени низ целата арена, кои можат да снимаат во Ultra HD резолуција. Снимките од тие камери потоа се преработуваат во мега моќни сервери со Intel процесори, бидејќи целиот процес е прилично интензивен и крајниот производ, односно видеото како ова подолу, е достапно за помалку од минута од преносот во живо.

Intel веќе има соработувано со “Replay Technologies” на оваа технологија – оттаму и сервери базирани на нивните процесори. Купувањето на компанијата е инаку многу логично – падот на продажбата на компјутерски и серверски процесори во однос на главниот конкурент, ARM, значи дека Intel мора да размислува за други начини за правење профит и влезот во преносите на спортски натпревари е секогаш добар облог.

Со оглед на можностите на оваа технологија и начинот на кој може да биде вградена во сите други спортови, Intel може да биде сигурен дека ќе биде успешен. И навистина, како голем фан на фудбалот (како и повеќето во нашава земја), можам да замислам колку би било кул да можеме да ги видиме најубавите голови во 3D опкружувачко видео, независно од уредот на кој го гледаме – дури и стар CRT телевизор ќе заврши работа.

Извор: TechCrunch, ARS Technica, Reuters

Претходна статијаИнвазија од чудовишта – прва самостојна изложба на цртежи на младиот графички и веб дизајнер Давид Ристевски
Следна статијаWindows 10 таблетите со тастатура ќе доминираат на пазарот во наредниве неколку години