Една од компаниите кои се иднината на светскиот транспорт, отвора нов објект во францускиот град Тулуз. Новиот објект каде што ќе се извршуваат најновите истражувања се простира на 3.000 квадратни метри. Се чини дека компанијата нема да плати за користење на земјиштето. Во официјална изјава соопштуваат дека градот бесплатно им отстапува постоечка зграда, како и простор околу истата кој исто така може да се користи за истражување и експериментирање. Локацијата е кај Francazal аеродромот и напуштената воена база, простор кој што локалните власти го претвораат во иновациски парк.

Со оваа нова одлука, се чини како Hyperloop да е поделен на два дела, барем според државите кои ги таргетираат. Од една страна Hyperloop One се насочува повеќе кон САД, Обединетите Арапски Емирати како и цела Азија, од друга страна Hyperloop Transportation Technologies се насочува кон европските градови и држави.

Овој нов истражувачки центар Hyperloop Transportation Technologies ќе го користат за создавање на неколку прототипови, кои што може исто така да бидат тестирани во близина на аеродромот и напуштената воена база. Компанијата најави и договор со државите Чешка и Словачка со цел поврзување на градовите Брно и Братислава со Hyperloop воз. Доколку овој договор се оствари, тогаш градот Тулуз се чини дека е идеална локација за производство на овој воз, како и на другите возови кои ќе се користат на европско тло.

Извор: Engadget, TechCrunch

Претходна статијаПредвидување: Нешта кои сигурно ќе се случат во 2017 (според филмовите)
Следна статијаSamsung ги набавил сите Snapdragon 835 чипови, нема да има за конкурентите на MWC?