Screen Shot 2014-11-17 at 2.11.11 PM

Со развојот на технологијата логично е да се очекува и се поголем развој на вештачката интелигенција, нешто што може да се каже дека е желба на истражувачите, како и тема обработувана во филмовите многу пати досега. Оваа технологија добива значаен развиток во последните години, па полека почнуваат да се појавуваат и предупредувања за нејзината потенцијална опасност во иднина, од луѓе кои што сепак се фактор во науката и ИТ индустријата.

Сепак вештачката интелигенција вклучува голема област на истражување и развој, а во развојот се вклучени повеќето поголеми компании. Достапни се повеќе примери за тоа како се развиваат повеќето области од оваа технологија, па денес можете да прочитате за развојот од страна на Google.

Се работи за развој на технологија која што треба успешно да ги открива работите кои што се наоѓаат на сликите, по што ќе може да ја опише со една реченица. Оваа технологија би можела да биде навистина корисна за лицата кои што имаат оштетен вид, но и за други денеска масовно користени сервиси, како што е пребарувањето на слики на интернет. Дури се споменува и можноста за прикажување на текст на местото од сликите за корисниците на интернет од делови од светот каде што пристапот е се’ уште навистина бавен.

Како и повеќето вакви технологии и оваа е во фаза на развој, па сега само можеме да видиме во кој правец се движи технологијата и што би можеле да очекуваме во иднина.

Оваа технологија е дел од развојот на вештачка нервна мрежа, односно технологија која што треба да го симулира се’ уште ненадминатиот човечки мозок. На оваа технологија истражувачите од Google имаат додадено две технологии веќе развивани за други потреби, кои што во комбинација успеваат да го дадат саканиот резултат. Се работи за комбинација на технологиите за компјутерска визија и технологија за природно процесирање на јазиците.

Едната технологија врши препознавање на елементите на сликата, по што другата врз основа на тие информации врши креирање на реченица која што треба да опише што е тоа што е на сликата. Исто така за развојот, односно тренирањето на овој систем, се користени милиони слики достапни онлајн.

image01

Степенот на успешност моментално е на пониско ниво, поради фактот што технологијата сепак е во фаза на развој, меѓутоа сега го покажува својот потенцијал за во иднина. Како што може да се види и од сегашните примери, успешно се опишани одредени слики, а еве некој од примерите:

„Личност како вози мотоцикл на земјен пат“

„Хокеј играчи како се тепаат за пакот“

„Група на млади луѓе играат партија фризби“

Извор: MIT Tech Review, Google

Претходна статијаPhilae има најдено органски молекули на површината на кометата
Следна статијаDetekt: Откријте дали вашиот компјутер е заразен со малициозен софтвер за следење
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.