Уште во 90-тите години имаше филмови во кои главните херои носеа исклучително пикселизирани снимки кај некој „хакер” во нивниот тим и тој успеваше лесно да ги изостри и од нив дури и да се препознаат лица. Ваква технологија досега немаше – ниту најголемите Photoshop мајстори не можат да успеат да исчистат толку многу пиксели. Сепак, со растот на вештачката интелигенција, компјутерите стануваат се поспособни и нов алгоритам на Google произлезен од “Google Brain” веројатно конечно ќе може да ни го овозможи тоа.

Иако на прв поглед се чини невозможно, бидејќи компјутерот нема доволно податоци за да извади лице од исклучително пикселизирана фотографија, овој алгоритам може да го направи тоа. Имено, системот може од целосно пикселизирана фотографа да ја направи барем видлива и препознатлива.

Почетната фотографија има 8х8 пиксели, што е исклучително ниска резолуција, но фотрографиите направени од Google Brain имаат многу повеќе информации и на нив лесно може да се види лице. Во најдесната колона пак е изворната фотографија во повисока резолуција, на која може да се види колку близу е Google Brain до оригиналната фотографија.

Google Brain го постигнува ова преку моќта на две неврални мрежи. Првата ги споредува пикселизираните фотографии со слични фотографии со повисока резолуција, додека втората додава детали на самата фотографија преку учење на што секој пиксел во сликата со послаба резолуција би кореспондирал во слика со повисока резолуција.

Интересно, иако резултатите сѐ уште не се целосно спремни за реална примена, 10% од испитаниците кои требало да ги оценат фотографиите од лице на човек биле „излажани” од софтверот, односно тие мислеле дека се вистински. Во овој случај, 50% излажани испитаници се оценува како перфектен резултат, поради случајноста на погодување (доколку се исти фотографиите, случајноста да погодите е 50%). Резултатот од фотографии на спална соба пак биле дури 28%.

Засега, оваа технологија нема да може да се употреби во полицијата како начин да се најдат криминалците. Иако фотографиите изгледаат солидно, тие сѐ и натаму само приближна слика на тоа како компјутерот ги замислува дека ќе изгледаат во повисока резолуција. Во превод, потребни се дополнителни истражувања и подобрувања.

Извор: The Next Web, ARS Technica, Gizmodo

Претходна статијаGoogle ја пушти штедливата YouTube Go апликација
Следна статијаПопуларноста на друштвените мрежи е поврзана со здравјето на корисниците?