Во почетокот на 1800-тите, за време на врвот на индустриската револуција, се случува мошне значаен напредок на полето на науката. Човекот стекнува огромно знаење за природата, во насока на нејзино поефикасно искористување. Тоа бил период на големи научни достигнувања од типот на парната машина, објаснувањата за претворањето на механичката енергија во електрична, законот за електролиза итн…
1833 е година во која италјанскиот научник Г.Д. Бото, успеал да докаже дека е можно да произведе електрична енергија преку термичка спрега на железо и платина. Неговата направа, се состоела од наизменично преплетени жици од овие два метали околу дрвена прачка. Со загревање на едната страна на прачката, Бото усепеал да генерира електрична енергија.
Основната идеја на Бото била едноставно да покаже дека може да генерира електрицитет користејки термичка спрега помеѓу два метали. Единствениот начин за визуелно да покаже дека истиот е присутен, е преку ставање на погоре споменатата направа во вода, при кој процес се ослободуваат меурчиња од водород. Овој процес е попознат како електролиза.
Неодамна, тим од италјански научници ја возобновува идејата на Бото со одредени модификации. Најпрвин, наместо пламен се користат две параболични огледала кои сончевите зраци ги рефлектираат врз шуплива цевка направена од метал и која е наполнета со вода. Потоа, наместо релативно скапата платина, истата ја заменуваат со бакар. На овој начин, иако излезната моќност на направата е многу мал (околу 20 mW), сепак таа генерира доволно електрична енергија за производство на водород преку процес на електролиза.
Позитивната страна на ова открите е тоа што гледано теортетски, уредот е толку едноставен што секој може да го направи во својата гаража. Научниците, исто така, укажуваат дека наместо користење на термо спрега помеѓу металите, поефикасно би било да се користат термоелектрични полуспроводници со кои би се добилa поголема излезна моќност.
Водородното гориво почнува се повеќе да се користи во автомобилската индустрија. Имено, со неговото согорување не се ослободуваат штетни материи, што го прави истото исклучително погодно за искористување од еколошки аспект.
Овој метод за производство на водород, кој италјанските научници го предложуваат, би можел да доведе до масовно производство на водородот кој би се користел како гориво од иднината.