tesla roadster-от
Фото: Elon Musk

Првиот човек на Tesla и SpaceX уште пред неколку недели соопшти дека има план да испрати оригинален модел на Tesla Roadster во вселената. Автомобилот би бил монтиран на Falcon Heavy ракета.

Во меѓувреме, стигнаа првите фотографии од конкретниот модел. Тој со своите следбеници на Instagram сподели фотографии на кои се гледа автомобилот прицврстен за конструкција и сместен помеѓу две половини од карго делот на ракетата. Ваквиот потег доаѓа со цел промоција на новата, со години планирана и дизајнирана ракета, именувана Falcon Heavy.

tesla
Фото: Elon Musk

Оваа ракета е практично наследник на популарната Falcon 9 ракета. Се работи за најмоќната ракета некогаш конструирана. Лансирањето ракета со оригинален модел на автомобил прикачен на неа ќе биде демонстрација на моќта на трите мотори кои ќе го даваат погонот на ракетата.

На разочарување на публиката, првиот пробен лет сепак нема да биде изведен со вистински автомобил. Шансите истиот да заврши катастрофално се значителни. Па, дури ни компанија како Tesla, односно SpaceX не е подготвена да жртвува неколку стотици илјади евра за демонстрација. Имено, за првиот лет ќе биде користена макета со приближни димензии на вистинскиот автомобил. Крајната дестинација на овој проект ќе биде орбита околу планетата Марс.

Извори: The Verge, Forbes

Претходна статија365 Challenge: Предизвик за наставниците кој ќе ја зголеми ефикасноста во образованието
Следна статијаNASA ќе започне освојување на соѕвездието Алфа Кентаури до 2069

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.