NASA
Фото: Wikipedia
NASA
Фото: Wikipedia

Освојувањето на вселената човештвото го започна пред повеќе од половина век. Годините на трката за освојување на непознатото помеѓу САД и тогашниот Советски Сојуз на цивилизацијата ѝ остварија дострели какви што претходно не можеа да се замислат.

NASA
Фото: Wikipedia

1969-та година ќе остане во историјата како една од најзначајните години за целокупното човештво. Првиот човек, односно првата посада или живо суштество кое чекорело по единствениот сателит на планетата. По првичните успеси и достигнувања, еуфоријата како да спласна. Меѓутоа еден човек, кој последниот период ја бранува светската јавност, реши по речиси 50 години да ја реактуелизира оваа тема. Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша указ до NASA со кој ја обврзува агенцијата да ги сконцентрира своите напори кон испраќање на екипаж на Марс.

Ова може сосема легитимно да се окарактеризира како PR сценарио на претседателот на САД. NASA во својата агенда и без тоа има амбициозни планови за освојување на непознатите простори во наредните декади. На прво место вреди да се спомене испраќањето на експедиција до соседна егзопланета во 2069-та година. Агенцијата сериозно планира да ја одбележи сто годишнината од претходно споменатиот подвиг. Технологиите потребни за ова освојување до прва ќе треба да бидат развивани.

Поставувањето на вакви амбициозни цели, всушност е од особено продуктивно значење. Научниците пред кои е поставена ваква задача се охрабрени да експериментираат со погонски системи кои ќе овозможат меѓупланетарни патувања. Во пракса, потребно е да се развие технологија со која вселенскиот брод ќе може да развие забрзување од 10% од брзината на светлината. На тој начин, до првото соседно соѕвездие оддалечено 4,4 светлосни години,  би се стигнало за околу 44 години. Експедицијата се очекува да биде опремена и со телескоп кој ќе овозможи прибирање на доволно информации во врска со нашето вселенско соседство.

Проектот кој е во рана фаза, всушност своите резултати ќе ги понуди на некои нови генерации кои допрва ќе дојдат. Реализацијата со сигурност ќе ги надживее своите создаватели бидејќи перцепцијата за времето во вселената е далеку од она што тоа претставува за човекот на земјата.

Извори: Futurism, ScienceMag

Претходна статијаЕлон Маск ја покажа Tesla-та која ќе ја испрати во вселената
Следна статијаHaven – апликација од Едвард Сноуден која го претвора секој Android уред во систем за безбедност