1437579392-carbon-engineering-suck-ghg-from-atmosphere-537x333

Јаглеродниот двооксид (и монооксид) е загадувач на воздухот ако го има премногу во атмосферата. Тој е отровен гас во огромни концентрации, а се создава преку природна (дишење, распаѓање на органска материја, ослободување на CO2 од океаните) и вештачка (производство на цемент, сечење на шуми, горење на фосилни горива) активност.

За да се реши овој проблем очигледно е првото решение кое ни паѓа сите при ум – да се засадат повеќе дрва. Проблемот со тоа е што дрвата не се претерано ефикасни во овој процес, па треба да се засадуваат огромни пространства за да се преиначи целиот гас над нивото на загадување во атмосферата.

Второто решение (кое секако е комплементарно на првото) е да се постават т.н. ѕидови-вшмукувачи, кои со интересен процес го собираат CO2 од воздухот многу поефикасно од дрвата (мерено по единица зафатнина простор секако, и тоа дури 10 пати). Во таа смисла, погледнете го ѕидот кој беше создаден од канадската компанија Carbon Engineering:

Се работи за ѕид од вшмукувачи на воздух, каде што воздухот поминува низ цевки изработени од PVC, и кои се специјално извиткани за воздухот да доаѓа максимално во допир со нивните ѕидови. Додека поминува воздухот по ѕидовите на цевките се пушта течност која во допир со CO2 прави ново соединение – (некаков) карбонат. На крајот постои вентилатор кој го извлекува останатиот воздух надвор.

Со ваквото решение се извлекува дури 80% од CO2 од воздухот кој влегува, а една таква единица е доволна за прочистување загадување од повеќе коли и камиони. Еден цел ѕид од вакви единици би можел да делува позитивно за прочистување на воздухот за цели населби, па и градови, особено ако се комбинираат со ХЕПА и филтри со активен јаглен за прочистување на воздухот и од PM10, PM2,5 и други загадувачки честички (што би одговарало совршено за Скопје).

Пред да бидеме нападнати дека предпочитуваме задржувачи на CO2 пред дрвја, само да напоменеме дека ваквиот систем може да се употребува таму каде што садењето на дрва е непогодно, како на пример, кровови на згради, асфалтирани улици и така натаму, и да помагаат на дрвата (кои, ве уверуваме, ги сакаме).

Извор: IFLScience, Popular Mechanics

Претходна статијаКина лансираше два нови сателита за нивниот позиционен систем наречен Beidou
Следна статијаMugen понуди 6.200 мАч батерија за вашиот LG G4