July 25 2015 BeiDou launch

САД имаат GPS (Global Positioning System), и тоа сите го знаеме. Малкумина од нас знаат дека и Русија (екс-СССР) има конкурентна технологија (во практично сите карактеристики еднакво квалитетен со GPS) која се вика ГЛОНАСС (Глобальная навигационная спутниковая система; глобален навигационен сателитски систем). Уште помалку од нас знаат дека дури и ЕУ има свој систем наречен Галилео. Сега, нека крене рака тој од нас што знае дека и Кина има свој систем за позиционирање!

Да, токму така – системот на Кина го носи името Beidou (или Compass), што значи плуг односно кинескиот назив за соѕвездието Голема мечка. Во март оваа година беше лансирањето на првите сателити оваа година кои ја орбитираат земјата, а деновиве беа лансирани два нови кои ќе го подполнат опсегот кој можат да го покријат заедно.

Идејата е идентична на Глонасс и GPS – да се создаде систем кој со помош на повеќе сателити кои би ја покривале целата Земјина сфера ќе може да се одреди точната локација на земјените објекти, со мала потрошувачка на енергија и со мали земјени уреди (како на пример, Beidou антена која може да се смести во телефон).

Beidou веќе се користи од неколку земји, меѓу кои Пакистан, Тајланд и Лаос, а на пат се и други кандидати. Засега, со досегашниот број на сателити (19) се покрива само Азија, Тихо Море регионот, но наскоро ќе има и покриеност на целиот свет. Според главниот инженер на проектот, Жие Џун, дури 98% од сателитите се изработени домашно, во Кина, што е навистина импресивно земајќи ја предвид целата таа напредна технологија.

Извор: InsideGNSS, Phys.org

Претходна статијаДвата нови Lumia телефони ќе доаѓаат со скенер за шареницата
Следна статијаЅид кој вшмукува CO2 од воздухот