Како што е добро познато, Американската авијација е една од најдобрите на планетава. Но за да се поседува таква авијација со комплексни борбени авиони не е ни малку евтино. Од друга страна напредокот во тоа поле е спор, и кога и да се дојде до решение за некој проблем во таа област додека тоа се изведе и стави во употреба, тоа веќе е застарена технологија.
DARPA, од друга страна, сака да го промени тоа со нивниот концепт наречен System of Systems Integration Technology and Experimentation со цел да ја обнови Американската авијација целосно. Целта е да се направат отворени системи кои ќе функционираат заедно за да помагаат на дронови, проектили, борбени авиони и многу други воени единици.
Се’ се базира на комбинација од човечки ресурси и многу податоци собрани од беспилотни летала. Во примерот што го дава DARPA, напад врз радар кој е бранет од носачи на проектили земја-воздух се извршува со тоа што покрај борбениот авион опериран од пилот позади него лета и таканаречен mission truck – беспилотен авион, налик на C-130 што носи многу повеќе оружје од борбениот авион.
Нападот би се одвивал така што од беспилотниот авион ќе се лансираат дронови опремени со технологија за нишанење и блокирање радари, што би отишле пред борбениот авион со цел да соберат информации и да ја одредат метата. Тие информации ќе бидат пратени назад до пилотот со цел тој да донесе одлука дали ќе се уништи метата или не. Доколку одлучи дека е правилната мета тој дава лансира проектили, кои се многу и евтини, во исто време и се лансирани од беспилотниот авион позади него.
Целта е евтините проектили да го преоптеретат системот за одбрана, така што иако ќе бидат повеќето уништени неколку ќе поминат низ одбраната и ќе ја уништат метата. Дополнително цената на тие проектили е далеку пониска од тие што ќе ги користат непријателите.
DARPA има отворен повик за договори со повеќе компании кои би го развивале системот на системи, а Boeing и Lockheed Martin веќе работат на тоа.
Практично системот на системи е налик на технологијата со паметни телефони. Наместо да се купува нов паметен телефон секогаш кога ќе излезе нова апликација, платформата функционира така што апликациите ќе бидат компатибилни. DARPA цели на истото, да оствари платформа каде што оружјата и функциите можат да бидат менувани и надоградувани брзо без да се менува целокупниот систем на операција.
Извор: Engadget