Паркинсоновата болест е втора по обем невродегенеративна болест која ги заболува 4% од луѓето до 80-годишна возраст. Оваа болест е исто голем фактор во предизвикувањето на деменција. Пациентите имаат проблем со моториката и контролирањето на екстремитетите, па потоа развиваат други симптоми како проблеми со размислувањето, заборавање и депресија.
На помош доаѓа компанијата Dopa Solution која го создаде пенкалото ARC. Ова пенкало има во себе микровибратори кои активираат одредени мускули во дланките на пациентите, и со тоа успеваат да ги натераат да бидат попрецизни при пишувањето и да го примират тресењето на рацете. Како што можете да забележите на сликата и на видеото, ARC е доста поголемо од стандардно пенкало што го прави полесно за држење и нормално, има повеќе простор за да ги смести моторите за вибрации.
Интересното е што тимот истражувачи кои го создале ARC сакале првично да создадат пенкало кое ќе им покаже на луѓето кои не патат од оваа болест како е да се живее со Паркинсонова болест, но откриле дека со вибрациите можат да им помогнат на пациентите покрај демонстрација на останатите. Од Dopa Solution изјавија дека развивањето на ARC е во тек и бараат финансиска и логистичка помош за да можат да го доусовршат.
Извор: Gizmag