HJI9nji

Според главните струи во футурологијата, вистинската генерална вештачка интелигенција (ВИ) ќе произлезе или како резултат на Интернетот, во некоја вештачка невронска мрежа независно направена, или пак во симулација на веќе постоечки мозоци. За да можеме да го симулираме човековиот мозок тој прво треба да се мапира, а потоа да може да се репродуцира во некоја машина, без разлика дали истото е виртуелно или физичко репродуцирање. Но за тоа да се оствари мора да одиме постапно. Зошто да не почнеме со мапирање на мозокот на црв и негово пренесување во тело на робот?

Научниците од OpenWorm веќе го изведоа истото. Земајќи го црвот Caenorhabditis elegans, кој е долг 1 милиметар и има сопствена флуоресценција, тие го имаат мапирано неговиот нервен систем користејќи го UDP протоколот за да ја симулираат работата на нервите. Ваквата мапа ја нарекуваат Конектом. Потоа, мозочната мапа ја имаат пренесено во робот на кој се вградени разни сензори кои ги глумат природните сензори на црвот.

Очекувајќи да видат хаотично движење, научниците всушност биле позитивно изненадени кога увиделе дека роботот-„црв“ почнал да се однесува како природниот црв без никакво дополнително надворешно програмирање. Тој се движи низ просторот, се допира до препреки и почнува да се оддалечува од нив или да ги заобиколува и презентира други однесувања типични за C. Elegans.

Во следното видео можете да го погледнете роботот со црвји мозок и да се уверите дека тој се` уште мисли дека има тело на црв.

Пред некое време пишувавме за очекувањето до 2045 г. целосно да се пренесе човеков мозок во машина, а ваквите експерименти, макар и со C. Elegans, покажуваат дека тоа нема да биде толку неверојатен зафат како што веројатно повеќето веруваат.

Извор: IFLScience

Претходна статијаSony најави уред кој што ги претвора очилата во паметни
Следна статијаАпликации за наоѓање работа и „паметни телефони“: Лекција за „невидливата рака на пазарот“