Adam Smith (1723-1790) е еден од најпознатите класични либерали кој воглавно помеѓу економистите е познат по метафората за „невидливата рака на пазарот“, иако оваа метафора ја споменува само еднаш во своето дело Wealth of Nations. Некои дури велат дека метафората не е всушност аргумент во корист на слободниот пазар. Сепак грото економисти препознаваат дека Smith ја искористил како реторичка алатка за да ги убеди читателите дека потрагата по лична среќа, во рамките на правото (значејќи дека потрагата по лична среќа не смее да наштетува на туѓ имот или здравје), води кон општествена добробит.
…со насочување на производството на најефикасен можен начин, тој на ум ја има само својата корист; и тој во овој процес, како и во многу други случаи, е воден од невидлива рака да промовира цел која не е дел од неговите намери. Трагајќи по сопствениот интерес, тој често го промовира интересот на заедницата поефективно него во случаите кога тој навистина ја има таа цел.“ (Wealth of Nations, p.364)
*најинтересна критика на концептот на „невидливата рака на пазарот“ несомнено е делото The Invisible Man на социјалистот H.G. Wells (не се согласувам со тезите на Wells, но дефинитивно е досетлива критика).
Апликациите за наоѓање работа се еден од безбројте добри примери за она што го зборувал Adam Smith. Имате проблем со наоѓање работа?! Нема проблем. На Drippler (оценка на Google Store 4.5) можете да ги најдете 8-те најдобри апликации за барање работа – на глобално ниво. ОК, иако претходно информацијата за вработување беше достапна преку весници, веб-сајтовите како najdirabota.mk и ваквиот тип на апликација го олеснува процесот.
Имено, некој препознал можност за заработка ако го подобри процесот на барање на работа на граѓаните. Интересно, но со помагањето на другите да си најдат работа, оние кои ја нудат помошта си отвораат работа за себе. И двете страни се во игра од сопствен интерес – едните да си најдат работа, другите да заработат помагајќи ви вам во процесот на вработување.
Она што е брилијантно како функционира слободниот пазар е тоа што доколку сакам да успеам да заработам помагајќи ти во процесот на вработување, морам да се грижам исто и за твојот интерес. На крај, ако сум успешен, имам одреден придонес во намалувањето на невработеноста во заедницата и во твојата потрага по среќа, нешто што не е моја првична цел (првична цел е да заработам кеш за себе).
Втората лекција од делото на Adam Smith е всушност важноста за поделбата на трудот во градењето на развиена економија. Неговиот пример за фабриката за шајки (pin) каде што 10 работници, секој специјализиран за посебен дел од производствениот процес, можат да произведат околу 50.000 шајки дневно (а секој од нив посебно не би можел да произведе ниту 1), е дел од секој учебник по економија. Најсликовит начин на кој е објаснета оваа лекција е всушност есејот на Leonard Reed, I, Pencil во кој моливот го раскажува своето „фамилијарно дрво“, како е „роден“ и дека всушност не постои на светот човек кој сам може да направи молив.
Модерна прекрасна верзија на оваа лекција е видеото I, Smartphone.
Кога помалото девојче му вика на другото „сакам и јас „паметен телефон““, на што другово вели „не можам јас да ти направам“, „паметниот телефон“ почнува да ја раскажува својата приказна.
Не постои човек кој може мене сам да ме произведе. Дизајнери во Калифорнија, Англија и Њу Јорк го креираа мојот изглед; пластиката околу мене е од сирова нафта извадена од различни места како Канада, Тексас и Русија; хемичари од целиот свет ја рафинираат нафтата … фабрики за пластика во Кина користат процеси за … да го оформат моето тело; бакарот во мојатта матична плоча потекнува од рудниците во Чиле, САД, Австралија и други места; мојот LCD екран е произведен во Јужна Кореа; мојот сензор за слики во Сингапур; литиумумот во батеријата потекнува од рудниците во Јужна Америка…јас сум наследник на илјадници и илјадници инвенции … милиони луѓе и компании се инволвирани во производство на мојата технологија… уште илјадници луѓе од разни земји имаат улога да ме донесат во продавниците во вашите земји. Овие луѓе не се ни свесни за нивната улога во мојата креација – тие само се трудат да си го заработат лебот.