light-small_0001_Layer-1

Во вакви студени и сиви денови какви што ги имаме тука во Македонија за време на зимата, понекогаш веројатно посакувате да можете да одите некаде каде што има цело време Сонце. Да се печете, да ви свират маријачи и да се опуштите со по некој коктел. Сега добри вести пристигнуваат за сите кои истото го помислиле.

Научниците од Италиа го измислија CoeLux. Тој е површина изградена од LE диоди, наноматеријали и други технолошки „магии“ кои овозможуваат одлично имитирање на Сончевото зрачење и атмосферските услови кои влијаат на истото. Основата на CoeLux е неколку милиметри-дебела пластика, која е попрската со наноматеријали кои ја имитираат атмосферата. Зад овие материјали се сместени LE диоди кои ја испуштаат истата фреквенција на зраци како и Сончевите зраци.

Со менувањето на сместеноста на „Сончевата точка“ создавачите на CoeLux можат да го имитираат Сонцето како што е доживувано од сите краишта на Земјата. Кога се наоѓа на Екваторот, тоа е најголемо и најсјајно, кога се наоѓа на Медитеранот е златно и топло, а кога се наоѓа на Арктикот е мало и загасито. Самата површина е со димензии 60 х 150 центиметри и може да се постави каде сакате (со тоа што најубаво би било да се постави на таванот како не би излегло дека Сонцето свети од некој ѕид од страна или одоздоле, што сепак би било интересен ефект да се види).

Овој уред не испушта ултравиолетови зраци, па не може да ви предизвика рак, да ви го оштети видот, па ниту ни да ве поцрни. Сепак, светлината која што паѓа од него екстремно е блиска со Сончевата и тешко дека некој ќе може да ги распознае една од друга. Истото можете да го видите на следното видео, каде е преставен самиот производ:

Ваквиот уред ќе можете да го сместите во простории каде нема доволно дневна светлина, како на пример некој подрум, гаража или оставштина. Со него ќе можете да симулирате Сонце кога и да посакате, а и кога е нормално (за да не го пореметите биолошкиот часовник, кој реагира поради одредени специјални фотоќелии во очите осетливи на сината светлина). Баш би сакале да видиме некоја уметничка инсталација со ваков еден уред, но изгледа дека за истото ќе мора да почекаме бидејќи неговата цена засега е во рамките на десетици илјади евра. Како и со повеќето други работи, технолошкиот развиток веројатно ќе ја намали цената, па за неколку години ќе можеме да си инсталираме десетици „Сонца“ низ нашите домови.

Извор: Wired, TechVoid

Претходна статијаПристигна финалната верзија на популарната македонска мобилна апликација CLAXI
Следна статијаОткриен дел од мозокот кој е одговорен за луцидно сонување