make-your-dreams-reality-your-dreams-by-lucid-dreaming.w654

Ретки се тие кои можат да се пофалат дека имаат луцидни сонови, па уште и дека можат да ги насочуваат по своја желба. Многу често ваквите сонови се исцрпувачки за нивните сонувачи, и не секогаш можат да ги насочат токму како им одговара. Пред некое време пишувавме за еден истражувач на луцидни соништа околу тоа дека тие изгледа се одвиваат забавено во однос на реалното течење на времето. Во други истражувања истражувачите имаат откриено дека сонувачите на луцидни сонови се обиделе да натераат некој карактер од сонот да ги скокотне – никој не успеал да го постигне тој ефект, а дел од карактерите „одбиле“ да го скокотнат сонувачот.

Луцидните (свесните) соништа се веројатно желба на секој да ги доживее и на Интернет ќе најдете многу начини како да го постигнете ова. Тие се интересен начин да ја истражувате својата потсвест и најчесто се базираат на работи кои ги имате доживеано или емоционални оптоварувања кои ве освојуваат низ денот.

Сега истражувачите откриле дека луѓето кои почесто имаат луцидни сонови ја имаат оваа способност поради зголемениот дел наречен антериорен предфронтален кортекс (заден дел од предпредната мозочна кора) кој во други истражувања е пронајден како одговорен за себе-рефлективни конгнитивни процеси. Во основата, овој дел е одговорен за интроспекцијата и за можноста да ги следиме своите мисли и од каде настануваат и луѓето кои имаат поголем или поактивен ваков дел полесно им оди следењето на сопствените мисли.

Истражувачите направиле една студија во која направиле скенирање (магнетна резонанца) на мозоците на две групи на луѓе, тие кои имаат многу луцидни сонови и тие кои немаат, сето тоа додека спиеле. Потоа, двете групи додека биле будни решавале тестови за себе-рефлексија и самосвесност, во исто време додека повторно биле подвргнати на скенирање.

Резултатите откриле дека луцидните сонувачи имаат поголема активност во погореспомнатиот дел, што имплицира дека истиот е одговорен за можноста на некои луѓе да имаат луцидни сонови. Во исто време тие увиделе дека оние луѓе кои на тестовите покажале поголема дневна саморефлексија се тие кои имаат повеќе луцидни сонови. Според Елиса Филевич, истражувач при Центарот за животна психологија при Макс Планк Институтот за човеков развој, „Нашите резултати покажуваат дека само-рефлексијата во секојдневниот живот е понагласена кај личностите кои лесно можат да ги контролираат своите сонови“.

Останува да видиме дали со вештачка стимулација на овој регион од мозокот ќе може да се отклучи оваа способност кај луѓето кои редовно немаат луцидни сонови. Тоа би било еден интересен експеримент, кој пак можеби би можел да се оствари со малку понапредна верзија на транскраниална стимулација со електрична енергија.

Извор: Science Alert, ZME Science

Претходна статијаCoeLux – „Сончева светлина“ создадена со помош на нано-технологијата
Следна статијаОбразованието ќе влезе во својот нареден стадиум преку технологијата