Израсната школка од разградлив дрон
Израсната школка од разградлив дрон
Израсната школка од разградлив дрон

Веројатно за „обичните“ дронови веќе знаете. Тоа се мали летала кои (засега) се телеуправувани и извршуваат најразлични задачи како пренесување на стока, надгледување, снимање, бомбардирање на радикални исламисти… Кога дроновите се користат во воени цели останува проблемот на нивното можно заробување. Непријателот може да ги погоди и онеспособи, но да не ги оштети целосно што ќе му пружи убава шанса да го ископира сето тоа што вие сте го откриле користејќи милијарди долари инвестиција. Но тоа важи за обичните дронови.

Њујоршката компанија Ecovative Design успеала да направи дрон од разградливи материјали кој теоретски би се распаднал пред да биде можно од него да се извлече типот на технологија кој е вграден. Тоа Ecovative Design го постигнале со растење на мицелиумот (вегетативниот дел од габите) во одредена цврста школка по што тој го зазел тој дизајн и оформувајќи го телото на разградливиот дрон. За остварување на врските меѓу електронските компоненти тие употребиле мастило од сребрени наночестички за да ги испечатат врските. Габичното тело има заштитна покривка од целулозна кожа создадени од лаборатириски бактерии, кои па се прекриени со заштитни белковини од лигавицата на хартиените оси.

Тие се` уште не успеале да ги заменат апсолутно сите делови од дронот, како што се пропелерите, внатрешниот контролер на лет како и батериите, кои морале да ги употребат од стандардните дронови. Но, тие успеале да направат пробно летање со ваквиот дрон кое било успешно.

Во случај ако дронот е под опасност да биде фатен тој би можел да се нурне во вода или друга биоактивна средина каде што набргу ќе се распадне и нема да може да се украде неговата технологија.

Извор: Engadget, New Scientist

Претходна статијаFacebook ја претстави Privacy Basics страната, сака да ви помогне да разберете како функционира мрежата
Следна статијаСнимка од „потоната“ GoPro камера при нулта гравитација