1373590545696645223

Колку пати сте седнале во автомобил кој бил возен од некој друг па сте се нервирале бидејќи треба повторно да го местите столчето како вам ви одговара? Ако сте професионален возач на транспортни камиони ова е секојдневна ситуација која знае да предизвика дополнителни проблеми со седењето ако не успеете да го наместите како што треба, ергономски во однос на вашето тело.

Што велите за идејата да седнете во автомобилот/камионот и со неколку кратки гестикулации во воздух да го наместите столчето во вашата совршена позиција? А пак за идејата столчето автоматски да се намести како последниот пат кога го поставивте во совршена позиција?

Токму на тоа работат од германската компанија Isringhausen заедно со научници и ергономи. Имено, се работи за столче во кое има вградени сензори со кои можете преку рачни гестикулации да го местите и менувате во најразлични позиции, како што ви одговара. На достапност за прилагодување се задната потпора, долниот дел каде што седите, висината, накосеноста и други карактеристики.

За активација на сензорите се притиска лесно од едната страна на столчето. Потоа, со гестикулации го прилагодувате како ви одговара. На крајот ги тргате рацете од просторот со сензори, и столчето автоматски ја внесува позицијата како една од местенките која можете повторно да ја активирате, а потоа ги гаси сензорите.

За ваквиот изум секако ќе бидат заинтересирани произведувачите и купувачите на транспортни камиони, но и производителите на средна и висока класа на возила. Место возачите да го местат и преместуваат своето столче секој пат кога ќе седнат за возат, сега со помош на рачни гестикулации и лесни допири ќе можат да го наместат брзо и ергономски, за да избегнат проблеми со `рбетот и грбот предизвикани од долгото седење.

Извор: Engadget, Gizmodo, Frauhofer

Претходна статијаКористејќи паметен трик научниците ја подобрија ефикасноста на сончевите панели
Следна статијаWalkCar – личен електричен транспортер за низ град