Кралското воздухопловство или скратено RAF, ја развива наредната генерација од нивниот борбен авион кој е наречен Tempest. Овој авион се развива од страна на британската компанија BAE Systems во соработка со Rolls-Royce, European missiles group, MDBA и италијанската компанија Leonardo.

Tempest слободно може да се нарече авионот на иднината кој ќе ја користи целата технологија која е на располагање денеска. За разлика од порано кога развојот на воената технологија подоцна се користеше и во комерцијални цели, сега ситуацијата е обратна, па технологијата која ќе ја користи Tempest веќе се користи комерцијално со години.

Овој авион ќе има комбинација од вештачка интелигенција, виртуелна и проширена реалност, а кога ќе лета ќе биде придружуван од група на дронови. Развојот се очекува да заврши некаде до 2027 година, кога би бил направен и првиот тест лет, но авионот целосно би бил развиен и пуштен во употреба до 2035.

Вештачката интелигенција ќе има задача да го следи огромниот број на информации кои пристигаат во авионот и пилотот не може да ги интерпретира сите. Исто така, вештачката интелигенција, преку кацигата на пилотот ќе ги следи неговите мозочни бранови, па доколку дојде до замор, губење на свеста и слично, таа ќе го преземе летањето на авионот.

Дополнително, кабината на Tempest е замислена да нема копчиња и екрани, а тука доаѓа до израз вештачката и проширена реалност. Авионот целосно ќе се контролира виртуелно, односно преку кацигата и уредот за очите ќе бидат прикажувани информациите кои обично се поставени во кабината. Пилотот ќе ги контролира исто како што тоа сега се прави во игрите во виртуелната реалност.

Tempest треба да го задржи Обединетото Кралство како светска сила во годините што следат, а ќе видиме како ќе се покаже овој авион кога ќе почнат првите тест летови.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2BBC
Претходна статијаСончева кула произведува гориво за авионите од јаглерод диоксид и вода
Следна статијаГлавниот на Instagram ги објаснува промените кај мрежата изминатиот период
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.