Shutterstock.com

Instagram, а и Facebook кога сме веќе кај мрежите од Meta, изминатите месеци почна да тестира и воведува одредени промени кои прават да мрежата повеќе наликува на екстра популарниот TikTok.

Ова и не е чудо кога конкурентот почнува да привлекува се повеќе корисници, па целта е да се задржат корисниците и да се провлечат нови.

Сепак, ваквите промени, кои вклучуваат почесто прикажување на видеа, Stories и Reels од профили кои не ги следи корисникот, прикажување на објавите на целиот екран и слично, на некои корисници не им се допаѓаат. Корисниците едноставно сакаат Instagram да остане Instagram, а не да почне да се претвора во копија на TikTok. Тој што сака да користи TikTok, ќе ја користи таа апликација.

Во денешно време работите функционираат така да никој не смее да биде на добро второ место. Ако некој функционира подобро, мора да се направи се да се конкурира или компанијата веќе нема да има производ кој се користи од доволна бројка на луѓе, а и тоа е релативно, колку е доволна бројка.

Адам Мосери, главниот во Meta за Instagram, објави видео преку кое се обидува да ги објасни и оправда промените кои се случуваат на мрежата.

Неговата главна поента е дека тие и да не направат никаква промена, објавите на корисниците се повеќе одат во правец на видеа, па они само го следат тој тренд.

Ова исто така може да се каже дека има логика, па не мора целосно да се критикува Instagram за направените промени.

Целата изјава на Мосери можете да ја погледнете во продолжение.

Претходна статијаАвионот на иднината на британското воздухопловство вклучува вештачка интелигенција, виртуелна и проширена реалност
Следна статијаИнженер во Google тврдеше дека еден од системите со вештачка интелигенција во компанијата има достигнато самосвесност, сега е отпуштен
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.