Софтвер инженерот Блејк Лемоин од Google, кој има работено на LaMDA системот со вештачка интелигенција, почнал да мисли дека оваа интелигенција почнала да станува свесна за себе, односно достигнала самосвесност.
LaMDA, односно Language Model for Dialog Applications е систем за креирање на „чет ботови“ со вештачка интелигенција. Корисниците можат да разговараат со „ботот“, а како и кај сите, целта е да искуството биде скоро исто како да се разговара со човек.
Google изгледа оваа цел повеќе од доволно ја има достигнато, па Лемоин почнал да се сомнева дека ботот, односно вештачката интелигенција зад него, има достигнато самосвесност.
Тој се обидел да го истакне ова внатре во компанијата, но неговите аргументи на биле прифатени, по што решава да го објави неговото верување јавно. Тој има објавено текст на Medium, како и интервју во The Washington Post.
Од Google негираат дека вакво нешто навистина се има случено, односно дека нивната вештачка интелигенција има достигнато ниво на самосвесност.
Блејк Лемоин веќе не е дел од компанијата, па по првичното суспендирање, сега е и отпуштен. Причината за тоа секако не е неговото верување, туку вадењето на компаниски информации надвор од компанијата.