Компанијата AT&T во соработка со GE работи на проект со којшто планира да го подобри животот на граѓаните во САД. Овој нивни проект наречен Smart Cities беше претставен на саемот за технологија CES 2017 во Лас Вегас. Тој опфаќа инсталирање на сензори на посоечките улични светилки во градовите во САД. Овие сензори се очекува да го „снимаат“ сообраќајот и да го олеснат истиот, да даваат информации за паркинг места, квалитет на воздухот, временски непогоди, итн. Првиот град од којшто се очекува овој проект да започне да се реализира е Сан Диего, Калифорнија.

Всушност инсталирањето на нови улични светилки во Сан Диего е веќе започнато. Новите LED светилки се очекува да го намалат трошокот за електрична енергија во овој град за околу 2,4 милиони долари. Опфатени се вкупно 14.000 улични светилки, додека пак 3,200 CityIQ сензори ќе бидат дел од оваа надградба. CityIQ сензорите вклучуваат камери и микрофони. Градоначалникот на Сан Диего изјави дека камерите од уличните светилки нема да се класифицираат како безбедносни камери.

Градовите во САД преку отворените платформи на AT&T и Flow Designer ќе можат да го набљудуваат сообраќајот, да ги мониторираат паркинг местата, дури и да детектираат пукотници. Платформите може да бидат отворени и за самите граѓани, за универзитетите итн, се со цел градовите да станат подобри места за живеење. AT&T не е единствената компанија која што го напаѓа пазарот на улични светилки. Компанијата EnGoPlanet веќе инсталираше слични светилки комбинирани со сензори во Лас Вегас.

Извор: Engadget

Претходна статијаXiaomi претстави свој Surge S1 мобилен чип, Mi 5c е првиот смартфон со него
Следна статијаПротекоа видеа од Galaxy S8 – изгледа импресивно со малата рамка и високиот дисплеј