Apple-car

Фантастичниот успех на Tesla, првата компанија во светот која целосно прави електрични автомобили, го натера најуспешниот во мобилната телефонија да размислува за лансирање на свој електричен автомобил, кој би требал да го донесе познатиот дизајн на Apple, но и многу други иновации и новитети.

Иако има многу различни толкувања од изворите и некои велат дека автомобилот воопшто нема да го види светлото на денот, самото тоа што Apple почна да размислува за производство на автомобил, треба да почне да ги загрижува големите и етаблирани производители. Сепак, факт е дека во Apple веќе има посебен тим од околу илјада инженери, кои веќе работат на проектот и тоа по директна наредна на Тим Кук. На чело на тимот е Стив Задески, поранешен инженер од Ford.

Според изворите, автомобилот на кој работи Apple ќе биде миниван и ќе биде наменет за широките маси. Ќе биде ставен акцент на вградената технологија и поврзливост, бидејќи нормално, се работи за Apple, како и на секојдневната употребливост и функционалност. Погонот ќе биде електричен, со литиум – јонски батерии. Се очекува голема автономија, односно повеќе километри со едно полнење, како и можност за брзо полнење на батериите од околу половина час.

Новитет во автомобилот треба да бидат системите за безбедност, кои ќе овозможат автомобилот целосно да го следи опкружувањето и да ја намали можноста за судир или друг вид на несреќа. Дали ова ќе вклучува и автопилот, како што Google направи со својот автомобил, се уште нема информации, но секако не е исклучено.

Сето ова делува навистина добро во пракса, но има неколку пречки кои засега го забавуваат проектот. Главната е веројатно исплатливоста – на автомобил се прави многу помалку профит отколку на паметен телефон, компјутер или софтвер, бидејќи има голема употреба на скапи материјали, кои често варираат со цената на пазарот. Затоа, Tesla, иако продава се повеќе и повеќе автомобили, се уште работи со загуба, иако од 2018 година се очекува да почне да работи со профит.

Секако, тука се и традиционално силните производители на автомобили, кои лесно го издржаа ударот на кинеските производители на автомобили и покрај очекувањата тие брзо да пораснат во продажбата и да го преземат светот на автомобилизмот (иако во мобилната телефонија Xiaomi е веќе трет производител во светот).

Да потсетиме, Apple веќе работи со автомобилската индустрија со Car Play проектот, кој треба да го донесе популарниот iOS софтвер во новите автомобили.

Извор: BGRTNW

Претходна статијаNASA подготвува подморница за морето Кракен на најголемата Сатурнова месечина Титан
Следна статијаTesla развива батерија за вашиот дом